Левиот бек на Вардар, Сергеј Горбок иако летово се збогуваше од активното играње ракомет и натаму добива понуди од македонски клубови, кои сакаат да го ангажираат и се обидуваат да го предомислат да игра барем уште една сезона.
„Имав неколку понуди и од Македонија и од надвор. Многумина разговараа со мене и сега имам такви разговори, луѓето се обидуваат да ме убедат во тоа дека јас можам уште да играм. И сам знам дека можам да играм, но проблемот е како!? Немам мотивација повеќе. Како играч сум направил некое име и не сакам тоа да си го погазам. Имав некои понуди од други македонски клубови, но јас сум играч на Вардар и тоа е тоа, сакав како негов ракометар да кажам крај. Знаете кога одиш во некоја земја и во некој врвен клуб, ти потпишуваш договор не само со клубот туку и со навивачите и со луѓе кои го сакаат и даваш 100 посто за него. Според мене потоа не можеш да отидеш во некој друг клуб од истата земја и да играш за него. Професионално да, но емотивно не, барем јас сум таков играч. Како што во Вардар дојдов на стартот на проектот, така беше и во Рајн Некар Левен. И во таков случај клубот е исто како бебе и никогаш не смееш да си ги „оштетиш“ децата. (се смее) Клубовите многу ми имаат дадено и благодарен сум на тоа и со ваквата верност се обидувам да им вратам. Тоа значи дека во Македонија сум само играч на Вардар, во Словенија на Целје, а во Германија на РНЛ. Никогаш во кариерата не сум играл во два клуба во една земја. И сега одам понекогаш на тренинг со момците, играм топка-пластика. Помагав на почетокот малку и затоа се и тие разговори дека можам уште да играм. Наш Јуре (кондициониот тренер на Вардар, Даниел Јуришиќ) секогаш ми вели зошто уште не играш? Одам и во вежбалница, одам и на натпревари, но истовремено внимавам и за себе и за екипата поради пандемијата, не сакам да наштетам никому, ниту себе си, одговорен сум.“
Целосното интервју со Сергеј Горбок може да го прочитате во продолжение…