Рекордите се за да се поставуваат и да се рушат, а новата граница која беше поставена е од тимот на Мотор од Украина кој во ист ден дојде до две победи во првенството со вкупна разлика од 58 гола.
Мотор дојде до победа од 50:11 против ЦСКА од Киев, а потоа дојде и триумф од 37:18 против „Ракометна академија“ така што шампионот на Украина во еден ден собра плус 58 гола разлика.
Натпреварите морало да се случат вака бидејќи првиот бил според претходно утврдениот календар, а вториот бил презакажан и одигран две недели пред планираното.