Во рамките од Плеј-аутот во Суперлигата денес се сретнаа првопласираниот Пролет кој е убедливо лидер и второпласираната Струга. Натпреварот во Струга се решаваше во неизвесна завршница, а на крајот Пролет продолжи да биде перфектен со триумф од 31:32.
Натпреварот започна изедначена и така се играше во најголем дел од средбата. Струга за првпат поведе со три разлика со 5:2, но Пролет брзо се врати и не дозволи противникот да оди на поголема предност. Уште неколку пати стигнаа домаќините до таа предност во првиот дел, за на полувреме да заминат со 19:17.
Иако резултатот констатно беше тесен Пролет првото водство го имаше дури кога поведе со 21:22. Во продолжението од натпреварот двете екипи на неколку пати го менуваа водството, па се влезе во неизвесна завршница. На осум минути до крајот на семафорот стоеше 28:28.
Ниту една од екипите не грешеше се до самата завршница. Како клчен момент на натпреварот се покажа нереализираниот напад на Струга на минута до крајот, Пролет во следниот напад преку Аларов Михаил го презема водството кое остана и до крајот на мечот. Имаше Струга напад за реми, пред кој стратегот на домаќините повика и тајм-аут, но и овој пат изостана реализацијата.
Жарко Бајрактаревиќ беше најефикасниот во Струга со седум гола, а Никола Цветаноски и Бобан Блажевски постигнаа по пет гола. Во редовите на Пролет дури тројца ракометари пет пати се запишаа во листата на стрелци Андоновски Ласко, Аларов Михаил и Иван Џонов.
|
СТРУГАПРОЛЕТ
30 април 2022
31 - 32
Крај
|