Екипите на Кристијанштад и Адемар денеска и утре ќего одиграт двомечот од осминафиналето Лигата на Европа, а претставникот на Шведска реши сè уште на првиот дуел бидејќи го добија со 34:27.
Поради проблеми со позитивни случаи првиот натпревар не можеше да се игра во Шпанија, па затоа двата се играат во Шведска, а таму Кристијанштад веќе ја искористи предноста бидејќи има плус седум пред утрешниот реванш.
Домашните водеа од почетокот на средбата и постојано беа во предност така што на крајот беше прашање која ќе биде разликата. Гостите како да се имаат предадено на овие дуели така што сега останува само да се види како ќе финишира и утрешниот реванш кој се игра од 18:45 часот.
Свој ден денеска имаше екс членот на вардар, Грегор Оцвирк кој постигна дури 11 гола во дресот на Кристијанштад. Зад него со осум гола беше Нифјал. Во Адемар најефикасен беше Хрватот Лучин со седум гола.