Во борба за топка подели „директ“, па се чудеше зошто доби црвен картон (ВИДЕО)

Кога на мечот Нант - Елверум, домашниот играч Тео Монар му подели една „директна“ на Бенјамир Берг во борба за топка, многумина мислеа дека гостинскиот играч нема веднаш да стане на нозе. Резултатски мечот веќе беше решен, затоа што Нант водеше со 36-27 во 54 минута. Судиите не се двоумеа да покажат директен црвен картон, а Монар се чудеше зошто добива таква казна. Веројатно заслужи и син картон. Што мислите вие?