Во Богданци нема тренинг – навиваат за фудбалерите и ја пејат химната (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Македонија го игра својот најголем натпревар во историјата и се обидува да се пласира на Европско првенство. Затоа овој дуел е следен на сите страни, а ракометарите на Младост од Богданци за таа цел го пролонгираа стартот на тренингот. Ракометарите на тимот од Богданци го следат заедно натпреварот и покажаа како се дава поддршка. Сите ја пееја химната така што поддршката за фудбалерите ја има од сите страни.