Норвешкиот првак Колстад е првиот гостин во Битола во натпревар од Лигата на шампионите во новата сезона.
Тренерот Кристијан Берге вели дека неговите ракометари ќе играат во атмосфера во каква што ретко играат или некои од нив не виделе.
„Веројатно ќе играме во атмосфера пред која до сега не сме играле. Еурофарм Пелистер има фанатични навивачи, кои можат да ни направат проблем. Но ние мора да останеме концентрирани и да ја играме нашата игра. Кога ќе успееме да се соочиме со атмосферата, тогаш ќе му бидеме конкурентни на домаќинот“, изјави Берге за ТВ2.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Колстад се игра во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:45 часот.