Во Битола не се раздаваат бодови, и Металург си замина без плен (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Еурофарм Пелистер 2 – Металург

Еурофарм Пелистер 2 го совлада Металург во Битола со 27:26 и дојде на чекор од пласман во плеј-офот. Одличната игра особено во завршницата пресуди на овој дуел на кој и двата состави имаа што да прикажат на теренот. Се играше одлично во текот на сите 60 минути, а Металург попушти во вториот дел кога домашните имаа целосна контрола и одиграа далеку помотивирано и поборбено така што не им беше тешко да ги обезбедат бодовите. Најефикасни во редовите на Еурофарм Пелистер 2 беа Стефан Дрогришки и Стефан Талевски со по седум погодоци, додека во Металург, Златко Хорват реализираше осумпати.