Во Битола нема раздавање на бодови во Лигата на Европа (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Еурофарм Пелистер – Татабања (Лига на Европа)

Еурофарм Пелистер ja совлада Татабања со 21:19 во првиот од двата дуели кои во два дена ќе се одиграат во Битола во рамки на ЛЕ. Битолчани најавија битка за пласман во четврт-финалето.

Екипата на Еурофарм Пелистер го совлада составот на Татабања со 21:19 во првиот од двата дуели кои во два дена ќе се одиграат во Битола во рамки на Лигата на Европа. Ова беше втор триумф за тимот на Еурофарм Пелистер кој сега напредуваше и на табелата и најави битка за пласман во четврт-финалето. Интернационалците од Хрватска денеска беа најрасположени во редовите на Еурофарм Пелистер. Кушан имаше шест, Мандалиниќ пет, а Мараш четири гола. Шанса за нова победа ќе има утре во 17 часот исто така во салата „Боро Чурлевски“ во Битола против истиот противник.