Тимот на КЛ7 во продолжение од сезоната ќе има големо засилување, откако десниот бек Мартин Серафимов ќе биде на двојна регистрација и освен за Металург, ќе настапува и за прволигашот.
Освен КЛ7, уште два прволигашки тима се засилија со ракометари на Металург и Металург 2.
Претходно составот на Аеродром ги има на располагање двајцата бекови Михајло Младеновиќ и Стефан Додиќ, а кавадаречки Тиквеш смета на услугите на Илија Мелоски и Дарко Кондев.
Останува да се доиграат уште две кола од регуларниот дел на сезоната во Првата лига, која почнува следниот викенд, а веднаш потоа ќе започне и разигрувањето за место во елитата, кое се очекува да биде многу интересно.