Во Барселона уште го споменуваат Лазаров: Тој е еден од највозрасните кои играле во последната деценија

Откако раководството на Барселона одлучи да направи промени во играчкиот кадар и да ангажира ракометари кои се на почетокот на својата кариера, стана јасно дека просекот на возраст во тимот ќе биде далеку понизок од досега.

Сепак, при пресметката на просечната возраст не може да не се спомене дека за клубот во последните десет години настапуваа и ракометари кои беа на истекот на четвртата деценија од животот. Поточно тука се најдоа играчи кои при заминувањето од Барселона биле на возраст кога многумина веќе одлучуваат да се откажат од играње.

На овој список се наоѓа и Кирил Лазаров. Капитенот на репрезентацијата на Македонија ја напушти Барселона во 2017 година, а тогаш тој имаше 37 години. Повозрасен од него беше Даниел Шариќ. Голманот кој уште брани во Катар си замина од Барса во 2016 година, а тогаш беше на возраст од 39 години.

Покрај нив тука се и легендарниот Исланѓанец Валур Сигурдсон, кој си замина истата година кога си замина и Шариќ. Сепак, Сигурдсон тогаш имаше 36 години. Данецот Јеспер Нодесбо, пак, на иста возраст ја напушти Барселона во 2017 година, а Виран Морос година подоцна со полни 34 години.

Затоа, сега во клубот има далеку помлади ракометари на возраст од 20 до 24 години што е најава за една помлада и поинаква Барселона од досега.