Војновиќ спречи радост на Македонките – погледнете го последиот пенал во Целје (ВИДЕО)

Женската сениорска репрезентација на Македонија во својот трет натпревар од ЕХФ Евро Купот го запиша третиот пораз.

Избраничките на Љубомир Савевски на гостувањето во Целје беа минимално поразени од поквалитетната репрезентација на Словенија со 29:28.

Македонија имаше шанса од Словенија да замине со бод бидејќи во последните секунди доби пенал.

Сепак, голманката на Словенија, Маја Војновиќ, беше поуспешна во дуелот со Леонида Гичевска и не дозволи поделба на бодовите од овој натпревар.