Хрватскиот репрезентативец Игор Карачиќ ја минува првата сезона како член на полскиот Келце, но со Скопје и Македонија се уште е поврзан.
Покрај освоените две европски титули со Вардар, тој во Скопје ја „освои“ и Македонката Душица Андоновскa, која неодамна ја побара за сопруга.
Тие двајцата се во изолација во Келце, но Игор очигледно ја научил Душица на војничка дисциплина. Мора да се тренира и во коронавреме по дома.
„Когa Игор малтретира со вежбање?“, се пошегува Душица на Инстаграм.