Познат е терминот за големото прволигашко дерби меѓу Голден Арт и Алкалоид, двата состави што се главни претенденти за Суперлигата.
Домаќинот одлучи дека натпреварот ќе се игра на 10 март со почеток во 19:30 часот во големата сала во СЦ „Јане Сандански“.
За да биде впечатокот комплетен, најавен е ТВ пренос на националната телевизија МТВ, а судии на мечот ќе биде најдобрите – Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.
Билетите за овој натпревар ќе се продаваат по 100 денари, а домаќинот најави дека целокупниот приход од продажбата ќе биде дониран во неколку ракометни школи низ државата.
Иако е најавено проширување на елитното друштво и влегување во Суперлигата на повеќе прволигашки тимови, сепак влогот на овој натпревар е голем со оглед на тоа што бодовите од регуларниот дел во мечевите против конкурентите се пренесуваат во плеј-офот.
На првиот натпревар одигран во СЦ „Борис Трајковски“, Голден Арт успеа да извлече реми, 25-25.