Војводина се посилна – пристигнаа две одлични крила!

Српскиот шампион Војводина го составува играчкиот кадар за следната сезона и промовираше две големи засилувања.

Договори на една сезона со можност да бидат продолжени за уште една потпишаа Стефан Сунајко и Вукашин Воркапиќ.

Левото крило Сунајко доаѓа од Динамо Панчево, а претходно беше дел од Веспрем, Татабања и шведскиот Савехоф.

Десното крило Воркапиќ настапуваше за францускиот Иври, а претходно играше и за романската Констанца.

Претходно Војводина го продолжи договорот со најдобриот играч Борис Пуховски и има големи амбиции во новата сезона во Лигата на Европа.