Војводина ја оствари и третата победа во СЕХА лигата и привремено изби на врвот на табелата во групата А. Во 4. коло го совладаа тимот на Мотор Запорожје со 25:22 кој на ова гостување беше со вториот состав.
По поразот од Вардар во Лигата на шампионите раководството на тимот од Украина одлучи на гостувањето во Војводина да оди со втората екипа што ги чинеше нов пораз. Војводина клучната предност ја направи во првото полувреме кога обезбеди предност од 14:8.
Во вториот дел сите налети на гостите, Војводина успешно ги одбиваше, а најмногу што успеа да направи тимот од Украина беше да намали на минус два во 50. минута. Но потоа следуваше серија од 4:0 на домашните ракометари за обезбедување на нова победа.
Во екипата на Војводина најефикасен беше Стефан Илиќ со девет гола, а Јовица Николиќ постигна пет гола. За поразената екипа единствен расположен беше Александар Касаи кој постигна осум погодоци.