По освојувањето на десеттата јубилејна титула во шампионот на Србија, раководството на Војводина реши да направи одредени кадровски промени.
За нов претседател на клубот е избран Душан Бајатовиќ. Досегашниот прв човек на клубот и најуспешен претседател на ракометен колектив, Милан Ѓукиќ , ќе ја извршува функцијата претседател на Собранието, а улогата на генерален директор е наменета за Петко Бобар.
При официјалното објавување на споменатата вест на Собранието на клубот беа претставени тројца нови играчи кои се очекува да бидат големо засилување во обидот за одбрана на тиутлата следната сезона.
Најпознато име е пивотот Живан Пешиќ, а покрај него шампионскиот дрес на Војводина ќе го облечат десниот бек Милан Савиќ кој доаѓа од Израел, како и десното крило Милан Васиќ кој пристигнува од Ѓенѓеш.
Засега неизвесно е дали ќе остане некогашниот МВП на младинското ЕП, Грегор Оцвирк, кој своевремено го носеше и дресот на Вардар.