Во реванш натпреварот од осминафиналето од СЕХА лигата помеѓу Татран Прешов и Војводина, победа обезбеди екипата на Војводина со 27:22. Сепак, екипата на Татран Прешов ќе патува во четвртфиналето, бидејќи на првиот натпревар обезбеди убедлива победа од 40:28.
Во првото полувреме, Војводина се покажа во подобро издание. Иако, домаќинот водеше во првите минути од натпреварот, ракометарите на Војводина до првата половина одржуваа водство од два до три гола разлика.
Татран Прешов со серија од 4:0 го презеде водството и резултатот беше во нивна корист, 10:9 во 21. минута. Првото полувреме заврши со предност од 11:15 за екипата од Нови Сад.
Во вториот дел, ракометарите на Војводина продолжија со добрата партија на теренот и преку Ковачевиќ го одржуваа солидното водство. Во текот на 45. минута резултатот беше плус пет разлика за екипата на Војводина, 15:20.
Во продолжението, Татран Прешов не притискаше многу поради убедливата победа од првиот натпревар и дозволи гостите од Нови Сад со победа да се збогуваат од овогодинешната сезона на СЕХА лигата. Најефикасен во екипата на Војводина беше Младен Шотиќ со седум гола, додека во тимот од Словачка, Оливер Рабек беше најдобар стрелец со шест постигнати гола.