Екипата на Војводина, во која настапуваат двајца поранешни ракометари на Вардар, Немања Прибак и Грегор Оцвирк, деветти пат по ред е шампион на Србија откако во рамки од 11. коло од плеј-оф фазата го декласираше Раднички од Крагуевац со 31:15 (16:9).
Со тоа и математички го обезбеди првото место, иако, до крајот треба да се одиграат уште три кола од српскиот шампионат.
Со максимален учинок во 11 натпревари, избраниците на Борис Ројевиќ уште еднаш докажаа дека немаат никаква конкуренција и на лесен начин ја обезбедија титулата.
За клубот од Нови Сад освоената титула е вкупно десетта во клупската историја. Тоа беше голем мотив за раководството на клубот да организира голема прослава која е закажана за 22 мај.
Неизвесно е само која екипа ќе заврши на 2. позиција. Во игра за второто место се екипите на Партизан, Динамо, Раднички и Металопластика.