Српскиот шампион Војводина во продолжение од сезоната ќе има на располагање поранешен репрезентативец и член на многу европски клубови.
38-годишниот кружен напаѓач Растко Стојковиќ, по заминувањето на крајот од минатата сезона од израелскиот Макаби Ришон Ле Зион се реши да објави крај на кариерата, но сега се враќа од пензија да и помогне на Војводина.
Најдобрите денови во кариерата Стојковиќ ги имаше во полскиот Келце и во белорускиот Мешков Брест, а секогаш играше одлично против Вардар и Металург.
Следен предизвик за Војводина е четвртфиналниот двомеч од СЕХА лигата против Веспрем.