Српскиот шампион Војводина се пласира во четвртфиналето на регионалната СЕХА лига, откакопо првиот триумф со 24-25 во Шабац, беше подобра и во вториот натпревар од Металопластика со 26-24.
На полувремето гостинските ракометари водеа со 11-12 и се понадеваа дека ќе можат да слават во Нови Сад, но сепак во вториот дел поискусниот домашен тим успеа да ја преземе контролата на теренот и стигна до нова победа.
Со оваа победа, Војводина обезбеди четвртфинале во СЕХА и ќе игра двомеч со унгарскиот гигант Веспрем, додека од претходно беше формирана двојката меѓу Загреб и Татран Прешов.
Вардар го чека победникот од двомечот меѓу Еурофарм Пелистер и хрватскиот вицепрвак Нексе, додека Мотор Запорожје ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Мешков и Пекинг.