Netherlands vs Germany, IHF 2023 Men's World Championship - POLAND, SWEDEN, Katowice, 21.01.2023, Mandatory Credit © Sasa Pahic Szabo / kolektiff

Волф им спушти ролетна на „лалињата“-Германија доминантно во четвртфинале!

Во дербито од групата 3 на Мундијалот во Полска и Шведска, Германија го потврди пласманот во четвртфиналето совладувајќи ја Холандија со убедливи 33-26. „Панцирите доминираа во текот на целиот натпревар и благодарение пред се на фантастичниот Волф кој имаше 17 интервенции сосема заслужено го визираа патот во четвртфиналето.

По драматичното реми против Хрватска во минатото коло, Данска им се врати на победите откако рутински ги совлада САД  со 33-24, и го потврди пласманот во четвртфиналето. Најпрецизни кај Данска беа Јоргенсен со 8 и Ландин со 6 гола.

Германија-Холандија 33-26  (15-12)

Холанѓаните имаа одличен старт на натпреварот и со головите на Верстејнен и Смитс поведоа со 0-2. Сепак,и покрај добриот почеток ,,лалињата“ успеаа да ја задржат позитивата само во почетните седум минути. При водство од 3-4 за противникот германците направија серија од 3-0 и поведоа со +2, (6-4). Левиот бек Кнор одлично ја пробиваше холандската обрана, најчесто асистирајќи до пикер, а беше непогрешлив и од линијата од седум метри. Разлика на теренот во корист на Германија во првиот дел донесе и одличниот Волф на голот кој нанижа дури 9 интервенции, за разлика од својот ривал Равенсберген кој имаше само една. И покрај тоа што ја немаа поддршката од својот голман Холанѓаните успеаа на неколкупати да стигнат до израмнивање, последен пат во 23.минута кога на семафорот беше 10-10. Ракометарите на Гисласон напаѓаа во бранови па следуваше нова серија од 3-0 која ја отвори Гола а ја затвори Кнор за водство од +3 (13-10). Германците до највисоките 15-11 стигнаа во 29.минута, а Смитс со својот четвртти погодок стави точка на првите триесет минути за конечни 15-12.

Netherlands vs Germany, IHF 2023 Men’s World Championship – POLAND, SWEDEN, Katowice, 21.01.2023, Mandatory Credit © Sasa Pahic Szabo / kolektiff

Германците со фуриозна серија од 5-0 го започнаа вториот дел и веќе во 40.минута поведоа со убедливи +8 (20-12). Тука беше и крајот на надежите на Холанѓаните дека можат да се изборат за пласман  во четвртфиналето. Волф продолжи да блеска меѓу стативите,  а до крајот Германците рутински го зачуваа убедливото водство кое во 49.минута ги достигна највисоките +9 (26-17). На крајот резултатот на семафорот гласеше 33-26, со што „панцирите“ на доминантен начин го потврдија пласманот во четвртфиналето.

Најпрецизни во германскиот тим беа Кнор со 9 и Грецки со 6 гола. Кај „лалињата“ листата на стрелците ја предводеа Смитс со 6 и Стеинс со 4 гола.

Во последното коло Германија и Норвешка во меѓусебен дуел ќе одлучат кој ќе биде првопласиран во групата 3 од главната рунда на Мундијалот во Полска и Шведска.