На полувремето од натпреварот помеѓу Чиле и Куба на јуниорските Панамерикански игри навивачите кои го следеа натперварот имаа можност да видаат запросување. Волонтерот Кристијан Дејвид Рестрепо и приреди изненадување на својата девојка од Перу, Керол Флорез и ја побара за сопруга.
На полувремето пред да излезе на теренот Дејвид, лицето задолжено за озвучувањето во салата ја намалил музиката за да може волонтерот да и го даде прстенот на својата колешка и девојка.
„Се тресеше, едвај и го ставив прстенот. За да го направам ова имав помош од пријателите на мојата девојка од Перу. Тие ми помогнаа да ја измерам големината на пртенот. Еднаш ми кажа дека сака да и ја побарам раката каде што има многу луѓе, мислев дека ова е најдобрата можност за тоа“, отркил Кристијан Дејвид за новинарите.
„Една пријателка неодамна ме замоли да го пробам нејзиниот прстен. Во ниту еден момент не помислив дека е заради ова“, сподели Керол.
Кристијан и Керол првпат се запознале пред Олимписките игри во Рио 2016 година каде што требале да волонтираат. Спортот и волонтерството ги зближиле, а моментите на одалеченост еден од друг дополнително ја зацврстило нивната врска. Пред 27 годишните сопружници претстои предизвик да одберат дали ќе живеат во Кали или во Лима, и секако им претстои венчавка кон крајот на годината.