Адел Бакр, репрезентативец на Јордан, почина утринава, откако имаше срцев удар во текот на вчерашниот ден.
Тој доживеа срцев удар на мечот од Купот на Јордан, меѓу неговиот тим Кафрања и Ал Салт.
Ракометната федерација на Јордан објави информација дека медицинските екипи веднаш интервенирале по натпреварот, а веднаш потоа Бакр бил пренесен во болница, каде починал утрово.
Федерацијата на Јордан веднаш ги одложи останатите мечеви од Купот, а на социјалните медиуми се појави видео од моментот кога Бакр доживеа срцев удар.
View this post on Instagram