Екипата на Охрид дојде до победа од 26:25 после големо надигрување против Бутел Скопје и ги задржа шансите за пласман во плеј-офот од Супер машката лига.
Охриѓани на почетокот на средбата наметнаа свое темпо и имаа водство од 4:2. Сепак, тука гостите како да влегоа веќе во натпреварот и фатија приклучок после два брзи погодока.
Откако ракометарите на тимот од Скопје израмнија на 4:4 успеаја да се изборат и за водство и имаа предност во продолжението од натпреварот. Ритамо стануваше посилен, но немаше многу погодоци. Бутел Скопје делуваше дека има контрола на резултатот и имаше мотивирани ракометари, но како се доближуваше крајот на првиот дел така стануваше јасно дека составот на Охрид ќе има што да покаже.
На одмор беше 11:12, а овој гол негатива за Охрид значеше кревање на ритамот во продолжение од натпреварот.
Вторите 30 минути беа стартувани со далеку поголемо внимание и концентрација. Играта во одбрана беше многу поконцентрирана, а имаше и поголема цврстина. Момците функционираа далеку подобро и ова влијаеше и на резултатот бидејќи средбата беше во постојана резултатска тензија.
Брауновиќ успеа да им даде поддршка на своите колеги кога беше најпотребно така што имаше игра во која сè функционираше како што се посакува. На 5-6 минути пред крајот Охрид успеа конечно да го сврти натпреварот во своја полза и да поведе со гол разлика. Гостите израмнуваа, но главното дојде во последната минута.
Додиќ доби две минути после невнимателен старт над Митев. Гостите преку Мајиќ тргнаа за реми, но Брауновиќ успеа да одбрани зицер. После тајм-аутот на Стојановиќ домашните тргнаа во напад за плус два, но брзо ја загубиј топката. Гостите добија можност да нападнат одново за реми. Сепак, го потрошија времето, а останаа 2-3 секунди за последниот шут кој Тот го упати високо над голот. Радоста беше за домашните кои победија со 26:25 и освоија три важни бодови во трката за место во плеј-оф.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА