Водечката екипа во плеј-офот од Првата лига, Алкалоид продолжи со сигурните изданија и славеше нова победа во 17. коло на гостувањето кај Драчево со 28:42.
Фаворитот на натпреварот ја оправда улогата и во текот на сите 60 минути имаше контрола на играта и резултатот. После првиот дел Алкалоид имаше водство од 12:22 и веќе ја имаше обезбедено победата.
И во продолжението Драчево немаше сили за посилен отпор, а гостите постојано ја зголемуваа разликата и стигнаа до нов триумф. Алкалоид со оваа победа ја потврди првата позиција на табелата, а уште од поодамна има обезбедно пласман во Супер лигата следната сезона.
Најефикасен во тимот на Драчево беше Бобан Андовски со осум гола, а Димитар Петковски беше стрелец на седум пгоодоци. Во победничкиот тим прв стрелец беше Мартин Димовски со седум гола, шет постигна Игор Ѓоргиев.