Тренерот на унгарскиот тим Татабања, Владан Матиќ му соопшти на раководството на клубот дека нема да биде во можност да го предводи клубот до крајот на сезоната. Причина за ваквиот чекор на Матиќ се здравствени проблеми.
Српскиот стратег ја предводеше Татабања повеќе од седум години и имаше забележителни резултати. Стигнаа до третото место во првенството на Унгарија, а исто така играа и во четвртфиналето во Лигата на Европа. Матиќ нема да биде тренер, но и понатаму ќе остане во клубот до крај на договорот.
На следните два натпревари во Лигата на Европа против Спортинг и домашното првенство против Балатонфуреди, Татабања ќе ја предводи досегашниот заменик тренер Ференц Сибалин, а помошник ќе му биде Ференц Илјеш.
Клубот веќе работи на пронаоѓање на нов тренер кој ќе ја предводи екипата до крајот на сезоната. Татабња веќе има започнато преговори со можните заменици на Владан Матиќ и наскоро ќе биде промовирано новото име.
Унгарскиот тим е противник на Еурофарм Пелистер во Лигата на Европа и ќе гостува во Битола на 23 ноември.