Македонскиот вицепрвак ги промовираше новите имиња во составот пред стартот на новата сезона.
Станува збор за македонскиот репрезентативец Мартин Велковски, кружниот напаѓач Стефан Стојчевиќ, француското лево крило Арно Бинго и кубанскиот голман Алехандро Ромеро.
Новите играчи, кои уште одамна ги најави 24Ракомет, ќе се обидат да му помогнат на тимот од Автокоманда во битката за подобар резултат на домашна и меѓународна сцена.
Велковски се враќа во Автокоманда каде играше за Металург по четири сезони во Еурофарм Пелистер, додека Стојчевиќ беше дел од Бутел Скопје и Аеродром.
Бинго е искусен француски интернационалец, кој има настапувано за Трембле, Монпелје, Бенфика, Спортинг Лисабон…а голманот Ромеро доаѓа од францускиот Екс Ан Прованс.