Екипите на Висла Плоцк и Келце одигра жесток натпревар во последното коло од првенството на Полска кој го одлучуваше новиот шампион. После голема борба, пет црвени картони и еден син натпреварот заврши 20:20, што беше доволно за Келце по првиот триумф со 27:26 да ја одбрани титулата. Мечот во регуларниот дел заврши 20:20, а по правилата во Полска мора да има победник и се шутираат пенали, но Вулф ја заврши работата и Келце го доби пенал рулетот со 3:5.
Дуелот започна максимално борбено, а судиите уште од почетокот на мечот имаа строг критериум и секој остар старт го казнуваа со црвен картон. Уште во 35. минута играчот на Висла, Мирсад Терзиќ беше исклучен со директен црвен картон.
Висла Плоцк имаше предност во поголемиот дел но тоа беше еден или два гола. Голамата борба продолжи во текот на сите 30 минути во првиот дел кога судиите покажаа четири црвени картони, три за Висла – Терзиќ, Крајевски и Шушња и еден за Келце за Мигел Санчез.
До крај на првиот дел домашниот тим успеа да дојде до предност и на паузата имаше 12:10. Во продолжение Висла поведе со 16:11 и имаше највисоки пет гола, но Келце возврати и полека се враќаше во игра. Гебала доби црвен, а потоа и син картон но тоа не влијаеше многу на играта на Келце кој во 53. минута поведе 18:19.
Финишот беше максимално неивесен, Вулф беше на потребното ниво во последните моменти одбрани седмерец при резултат 19:19. Беше и 20:20, а на минута до крајот Келце имаше напад за победа. Не беше реализиран, па Висла Плоцк тргна во напад за триумф и титула. Вулф го одбрани шутот на Михиќ, а потоа и пенал рулетот го добија старо-новите шампиони со 3:5.