Ракометниот суд на ЕХФ донесе одлука за казна за полскиот шампион Келце по навредливиот транспарент што го објавија навивачите на меѓусебната пресметка од Лигата на шампионите одиграна во ноември.
Тогаш навивачите на Келце, упатија навредлива порака до Тимур Дибиров.На транспарентот во салата „Легионово“ пишуваше „Тимур, е*и се“.
Казната од ЕХФ за Келце е 15.000 евра, односно 7.000 евра доколку овој настан не се повтори во следните две години.
Меѓусебната нетрпеливост меѓу навивачите на двата тима трае од поодамна. Минатата сезона симаптизерите на Вардар имаа транспарент на кој пишуваше „Талант –петух“ („Талант – пе*ер“). Тогаш ЕХФ го казни Вардар со високи 15.000 евра, а сега иста казна си заработи и Келце.