Висла се жали на новиот датум за „светата војна“: Не е фер, ова е одлука во корист на еден тим

Претседателот на Висла, Роберт Чвартек и спортскиот директор на клубот реагираа на одлуката на комесарот на полската лига да се одложи натпреварот против Келце за на 24 мај.

Датумот за „светата војна“ беше 14 мај, но се промени поради четвртфиналната пресметка на Келце против Монпелје. Келце против Монпелје треба да игра на 12 и 18 мај, па лигата го одложи дербито со Висла за да имаат повеќе време да се припремат за овој двомеч.

Од Висла реагираат затоа што ако тие го елиминираат Шафхаузен во четвртфиналето на Лигата на Европа тогаш ќе играат на Ф4 турнирот кој започнува на 28 мај, па ќе имаат кратко време за подготовки.

„И покрај нашето несогласување со промената на датумот комесарот донесе одлука натпреварот од 26. коло помеѓу Висла и Келце да се одложи. Одложувањето е лоша одлука за нас и не става во тешка позиција. За жал немаме право на жалба, сметаме дека одложувањето на натпреварот за на 24 мај е во корист само на Келце и нема фер услови за двата клуба“, изјави претседателот на Висла Роберт Чвартек.

Ист е ставот и на спортскиот директор на Висла, Адам Вишњевски.

„Новиот датум не става во потешка позиција од Келце. Во случај да стигнеме до фајнлфорот на Лигата на Европа ќе имаме само еден ден да се подготвиме за борбата за трофејот“, истакна Вишњевски.