Според полскиот медиум „ТВП Спорт“, репрезентативецот на Шпанија, Гонсало Перес Арсе, кој игра на позицијата десно крило, од следната сезона ќе настапува за Висла Плоцк.
Гонсало Перес иако има активен договор со неговиот актуелен клуб, Адемар Леон, раководството на Висла Плоцк е подготвено да плати обештетување, односно 15.000 евра за да го добие 23-годишниот ракометар во своите редови.
Според некои медиуми од Шпанија трансферот е веќе договорен. Гонсало Перес и Аугустин Касадо, требаше во наредната сезона да се преселат во белорускиот шампион, Мешков Брест, но поради состојбата во Украина, трансферот на двајцата ракометари пропадна.
Со трансферот на Гонсало Перес ќе се зголеми шпанската колонија во полскиот вицешампион кој го освои 3 место на Ф4 турнирот во Лига на Европа.
Во Висла Плоцк веќе настапуваат тројца ракометари од Шпанија-Абел Сердио, Нико Миндегија и Давид Фернандез, а тренер на тимот е искусниот стратег од Шпанија, Хавиер Сабате.