Екипите на Висла Плоцк и Магдебург одиграа нерешено 22:22 на првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите.
Иако Магдебург имаше одлично прво полувреме, на пауза замина со ,,плус три” 12:9 и во вториот дел во неколку наврати водеше и со пет- шест гола разлика, сепак, избраниците на Хавиер Сабате во финишот направија целосен камбек.
По водството на Магдебург од 22:18, домаќините со серија од 4:0, која беше дело на Сердио и двајцата хрватски интернационалци Ловро Михиќ и Тин Лучин, се изборија за нерешен резултат.
Кај Магдебург прв стрелец беше Михаел Дамгард со пет погодоци. Кај Висла Плоцк најмногу се истакнаа Ловро Михиќ, Марк Косоротов и Тин Лучин.
Михиќ имаше четири реализации, додека Косоротов и Лучин запишаа по три погодоци.
Реванш дуелот меѓу Висла Плоцк и Магдебург ќе се одигра на 17 мај. Домаќин на реваншот ќе биде бундеслигашот.