Висла Плоцк се засилува, донесе пивот од Франција

Вториот клуб по квалитет во Полска, Висла Плоцк планира следната сезона да биде што е можно посилен ривал за Келце, а за таа цел веќе се ангажираат нови ракометари.

Во клубот после Абел Серџо од Барселона, додеја Жереми Тото, кој настапуваше за тимот на Ст. Рафаел од Франција. Се работи за 27 годишен ракометар, кој е специјалист пред сè за игра во одбраната.

Со него тимот на Висла се очекува да добие на поголема цврстина во играта во одбраната, па ќе се обиде да дојде до што е можно помалку голови. Ако се има предвид дека во клубот доаѓа и Мирсад Терзиќ од Веспрем, кој исто така е специјалист за одбрана ова значи дека ќе бидат двајцта клучни ракометари.

Тото играше пет години во дресот на Ст. Рафаел и за овој период има 136 средби на кои постигна 133 гола во најсилната лига на Фрација и во европските купови.