Висла Плоцк на максимум, Магдебург со нова лекција за Нексе

Во вечерниот термин за Лигата на Европа се одиграа пет натпревари на кои фаворитите остварија сигурни победи против своите ривали.

Магдебург повторно немаше проблеми со Нексе откако славеше минатото коло на гости, сега и на свој терен триумфираше 28:23. Бундеслигашот доминираше во текот на целиот натпревар, а победата ја обезбеди уште на полувреме кога имаше 17:10.

Висла Плоцк го задржа максималниот ефект во групата А откако беше подобра од Тулуз со 27:25. Полскиот тим од 6:6 го презема водството, на полувреме беше 12:9 и до крајот на натпреварот успешно го сочува за нов триумф.

Ним по вторпат беше подобар од Спортинг за една недела откако славеше и на домашен терен со 27:24. По првото полувреме домашниот тим имаше 16:12. Словачкиот претставник Татран Прешов доживеа нов пораз во Лигата на Европа откако беше поразен од Кристијанштад со 22:27, а на полувреме беше 11:15.

ЛИГА НА ЕВРОПА 6. КОЛО РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА А

ВИСЛА ПЛОЦК – ТУЛУЗ 27:25 (12:9)
АДЕМАР ЛЕОН – ФАЈВЕРС 30:28 (13:10)
ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ – МЕТАЛУРГ одложено

ГРУПА Б

ДИНАМО БУКУРЕШТ – ФУКСЕ БЕРЛИН 26:26 (12:14)
ТАТРАН ПРЕШОВ – КРИСТИЈАНШТАД 22:27 (11:15)
НИМ – СПОРТИНГ 27:24 (16:12)

ГРУПА Ц

АЛИНГСАС – МОНПЕЛЈЕ 25:33 (13:19)
БЕШИКТАШ – ЦСКА МОСКВА 23:35 (11:17)
МАГДЕБУРГ – НЕКСЕ 28:23 (17:10)

ГРУПА Д

ТАТАБАЊА – ГОГ 32:35 (16:17)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ТРИМО ТРЕБЊЕ 33:26 (20:14)
КАДЕТЕН – РАЈН НЕКАР одложено