Кон крајот на минатата година шпанските медиуми најавија дека играчот на Адемар Леон, Давид Фернандез ќе се пресели во полската Супер лига. Сега веќе оваа информација е потврдена, Висла Плоцк на официјалните профили на социјалните мрежи го потврди трансферот на Фернандез.
Договорот со 23 годишниот ракометар Висла го потпиша на три години. Тој е првото засилување за полскиот вице-шампион кој ќе се приклучи на тимот по завршувањето на актуелната сезона.
Давид Фернандез се најде на поширокиот список на Жорди Рибера за Европското првенство. Сепак не се најде на конечниот список кој отпатува на натпреварувањето. Со Адемар Леон во последните четири години редовни настапува во европските наптреваувања, но иако имаше понуда од големата Барселона, сепак Фернандез реши да замине надвор од Шпанија.