Во првите бараж натпревари во Лигата на шампионите од групите Ц и Д, Висла Плоцк и Динамо Букурешт обезбедија предност пред реваншите. Екипите се борат за пласман во осминафиналето и дуел со второпласираните екипи од групите А и Б.
Висла Плоцк првиот меч го играше пред своите гледачи против Бидасоа Ирун и успеа да обезбеди добра залиха за реваншот во Шпанија. Полскиот вице-шампион беше подобар од шпанскиот вице-шампион со 32:25.
Висла имаше одлично издание во првиот дел и во финишот стигна до највисокките седум предност. Сепак, на полувремеме беше шест разлика, 17:11. И во вториот дел домашниот тим имаше целосна контрола на резултатот и стигна до убедлива победа која им дава надеж за пласман во осминафиналето.
Михал Дашек со девет гола беше најпрецизен, а Золтн Сита и Ренато Сулиќ постигнаа по шест гола. За екипата на Бидасоа Ирун, Азкуе Сизар со седум гола беше прв стрелец.
Спортинг Лисабон пред своите гледачи не успеа да обезбеди предност пред возвратниот дуел во Букурешт и беше порзен од Динамо со 25:26. После 30 минути игра Динамо имаше водство од 13:9. Во продолжението Спортинг го подигна нивото и ја анулираше негативата, но никако не успеваше да го сврти резултатот. До крај гостите го сочуваа минималното водство и обезбедија предност пред реваншот.
Јонеа со осум гола беше најефикасен во составот на Спортигн Лисабон, додека кај Динамо Букурешт, Анте Кудуз погоди седумпати, а Асолтанеи шестпати.