Полскиот вицепрвак Висла Плоцк го доби четвртото засилување за следната сезона, откако на позајмица ќе дојде шпански репрезентативец.
Станува збор за кружниот напаѓач Абел Сердио, кој во минатата сезона го носеше дресот на Барселона.
Таму ќе остане Седрик Сорендо уште една сезона, најголема минутажа добива Лудовик Фабрегас, па Сердио ќе добиваше шанса на парче.
Во Висла Плоцк друштво на линијата од шест метри ќе му прават Хрватот Леон Шушња и полскиот репрезентативец Давид Давижик.
Покрај Сердио, во полскиот вицепрвак од следната сезона ќе играат Босанецот Мирсад Терзиќ и Шпанецот Давид Фернандез, кој ќе го менува Жига Млакар на десната бековска позиција.