Тимот на Висла доби барем една награда за одличната сезона на сите фронтови каде што настапуваше.
Избраниците на Хавиер Сабате го совладаа шампионот Келце со 30-25 во финалето на Купот на Полска и го освои трофејот.
На полувреме Висла Плоцк, која беше четвртфиналист во Лигата на шампионите оваа сезона, водеше со 13-11.
Најдобри стрелци беа Русите Косоротов со девет и Житников со пет погодоци, додека кај Келце, Морито имаше седум, а Карачиќ пет гола.