Ракометарот на Висла Плоцк, десниот бек Давид Фернанез иако има актуелен договор со полскиот вицепрвак на уште една година, во следната сезона ќе го носи дресот на Адемар Леон, пренесува шпанска „Марка“.
Фернандез нема да го раскине договорот со Висла Плоцк и во Адемар Леон ќе настапува на позајмица. Повремениот шпански репрезентативец пред да се пресели во Висла Плоцк настапуваше токму за екипата на Адемар Леон, таму мина четири сезони, додека во последните две сезони беше дел од тимот на Хавиер Сабате.
26-годишниот ракометар во својата кариера настапуваше и за екипите на Aтлетико Ваљадолид и Нава, а за „црвената фурија“ има забележано три меѓународни настапи.
Во натпреварите од Лига на Европа постигна вкупно 31 гол во минатата сезона и со полскиот тим учествуваше на фајнл-фор турнирот во второто по ранг квалитетно европско натпреварување освојувајќи го бронзениот медал.