Висла Плоцк го бара најдобриот голман од Мундијалот во Македонија

Полскиот вицешампион, Висла Плоцк во своите редови сака да го ангажира третиот голман на репрезентацијата на Египет, Абделрахман Хомајед, пишува „Hand goal“.

Младиот голман моментално е член на Ал Ахли од Египет. Раководството на Висла Плоцк понудило опција, Хомајед да се пресели во Полска од февруари и да биде како позајмен играч од Египетскиот клуб до крајот на сезоната.

Хомајед со кадетската репрезентација на Египет го освои златниот медал на Светското првенство во 2019 година во Македонија и беше дел од Ол Стар тимот. Полскиот клуб моментално на голманската позиција го има голманот на Хрватска, Иван Стевановиќ и младиот голман, Адам Моравски.

Хомајед не добиваше многу шанса на Светското првенство оваа година покрај одличното голманско дуо, Карим Хендави и Мохамед Елтаер.