Како и што беше најавувано од претходно Висла после пласманот на фајнл-фор турнирот бара ново одложување на дербито со Келце.
Претходно беше донесена одлука натпреварот помеѓу Висла и Келце кој може да го одлучи шампионот во првенството да се премести за на 24. мај. Причината за првото одложување беше барањето на Келце затоа што претходниот датум беше помеѓу нивните натпревари во Лигата на шампионите против Монпелје (12. и 18. мај).
Сега откако Висла и дефинитивно го обезбеди пласманот на фајнл-фор турнирот побара „светата војна“ да се игра на 12. јуни затоа што новиот датум не им одговара.
Фајнл-фор турнирот во Лигата на Европа е закажан на 28.мај, дербито со Келце така би дошло на само неколку дена пред евентуалниот настап на Висла што секако не им одговара во припремите.
Висла се жали на новиот датум за „светата војна“: Не е фер, ова е одлука во корист на еден тим