Еден од најдобрите дефанзивци, членот на Кил, Патрик Винчек, кој за бундеслигашот настапува од 2012 година, потпиша нов договор, односно ја продолжи соработката со „зебрите“.
Искусниот ракометар и раководството на бундеслигашот се договорија на нова соработка, која ќе трае до јуни, 2025 година.
Кружниот напаѓач во редовите на Кил пристигна во сезона 2012/13 од редовите на Гумерзбах.
Во својата кариера освен за Гумерзбах настапуваше и за екипите на Бергишер и Дизелдорф.
Со екипата на Кил освои пет титули во Бундес лигата, четири пати го освојуваше Купот на Германија и во 2020 година се радуваше на златото во Лигата на шампионите.