Барселона и Кил ќе се сретнат во полуфиналето на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Ова ќе биде голема пресметка помеѓу добро познатите ривали и освојувачи на последните две титули во ЛШ.
Пикерот на Кил, Патрик Винцек во пресрет на почетокот на фајнал форот и полуфиналниот дуел ги истакна очекувањата за сајтот на ЕХФ.
„Мораме да го запреме нападот на Барселона. Тие го имаат најдобриот напад и со Дика Мем, најдобриот бек во Лигата на шампионите. Секако, многу важно е да го спречиме за да не ни даде многу голови, затоа нашата одбрана е најважна. Имаме добар тим, широк состав, и се разбира, играчите кои не играа многу мора да дадат пголем придонес во играта. Пред две години бевме тука и, се разбира, немаше публика. Сега имаме можност да играме пред нашите гледачи, така што ќе биде поинаков турнир“, рече Винцек.
Кил и Барселона ќе играат во вториот полуфинален дуел кој е на програмата од 18 часот.