Виктор ќе се менува со ЦСКА Москва, го дава местото во Европскаа лига за Челенџ купот

Екипата на Виктор од Русија во последните години е редовен учесник во европските купови и успева да дотурка далеку. Често се случува да успее да стигне и четврт-финалето, а за следната сезона според пласманот има место во Европската лига која ќе биде наследник на Купот на ЕХФ.

Сепак, за да се учествува во ова натпреварување ќе мора да бидат исполнети одредени услови односно да се има сала со одреден капацитет пред сè.

„Постојат одредени проблеми во финансиите. Според резултатите кои ги имаме влеговме во Европската лига, но во моментов нашиот клуб не е еден од најбогатите во лигата. Сè уште не сме подготвен. Во блиска иднина ќе го решиме ова пашање. Би било навистина лошо да се вложи толку многу енергија и да не се учествува во европските натпреварувања. Европската лига има одредени финансиски обврски што е многу повеќе отколку што бара третиот турнир по квалитет. За жал, инфраструктурата во нашиот регион во моментов не е подготвена да одгори на потребите бидејќи ние немаме ни сала кои ги исполнува потребите за натпреври во Лигата на Европа“, вели Иван Фиев, које директор на тимот на „Виктор“.

Идејата на тимот на „Виктор“ е во новата сезона да се игра во Челенџ купот, а дали ќе добие дозвола за тоа останува да се види. Овој клуб сака да го отстапи местото на ЦСКА Москва, која пред извесно време стана наследник на тимот на Спартак Москва.

„Сметавме на опциите да играме во Ростов или во Краснодар. Сепак, во моментов ситуацијата во Европа е поинаква. Затоа не постои начин да се реши наиот проблем и ќе се обидеме да се справиме подоцна со него. Размислуваме да ги размениме местата со ЦСКА Москва. Овој тим да игра во Лигата на Европа, а нив во Челенџ купот. Меѓутоа, ќе мора да почекаме за да видиме дали ЕХФ ќе ни го дозволи тоа“, изјавува директорот на „Виктор“.

Ова не би требало да биде проблем бидејќи пријавувањето оди преку матичната федерација, но секако ќе мора да се добие зелено светло и од страна на ЕХФ.