Ракометарите на Вардар в недела го пречекуваат составот на Мешков Брест во 6. коло од Лигата на шампионите од Групата Б каде што се очекува од „црвено-црните“ да се вратат на победите после два врзани порази.
Овој дуел е главниот овој викенд со оглед на тоа што Еурофарм Работник игра на гостински терен кај Татран Прешов, а другите дуели се на домашна сцена.
Има неколку интересни дуели и во Супер машката лига, па сигурно ќе има што да се погледне и утре кога се игра комплетното коло.
Металург го пречекува Охрид, а Пролет игра против Бутел Скопје, а тоа се двата дуели меѓу екипи кои се во горниот дел на табелата.
ВИКЕНДОВ НА ТЕРЕНИТЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА
САБОТА, 2 НОЕМВРИ
13:00ч
ГЕВГЕЛИЈА – КУМАНОВО (Женска лига)
15:00ч
МЕТАЛУРГ 2 – СТРУГА (Супер машка лига)
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР ЈУНИОР (Супер машка лига)
17:00ч
ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ЧАИР (Женска лига)
17:30ч
СПАРТАК – КУЗМАН ВАРДАР ИЛИНДЕН (Женска лига)
18:00ч
МЕТАЛУРГ – ОХРИД (Супер машка лига)
18:30ч
ПЕЛИСТЕР – РАДОВИШ (Супер машка лига)
19:00ч
ПРОЛЕТ – БУТЕЛ СКОПЈЕ (Супер машка лига)
ДЕСПИНА – СТРУЖАНКА (Женска лига)
19:30ч
АЛУШОВСКИ – ПЕЛИСТЕР (Женска лига)
НЕДЕЛА, 3 НОЕМВРИ
14:00ч
ВАРДАР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ (Женска лига)
17:00ч
ВАРДАР – МЕШКОВ БРЕСТ (Лига на шампиони)