ВИДЕО: Победничкиот проектил на Рајнкинд кој го расплака Загреб

ППД Загреб го загуби претпоследниот дуел од групата А во Лигата на шампионите. Хрватскиот шампион не се исплаши од моќниот Кил, кој делуваше конфузно на важниот дуел во Загреб. Победа значеше пласман во следната фаза за Загреб, а пласман во четвртфиналето за Кил. Егал завршницата понуди интересни и неизвесни минути на теренот во Арена Загреб, а победникот го одлучи постигнатиот гол на десниот бек на Кил, Харалд Рајнкинд на секунда до крај на натпреварот, за конечни 27-28 за германскиот претставник. Кил е речиси пред промоција меѓу најдобрите осум, а го дели само теорија, додека кај Загреб поразот значеше и опасност од елиминација. Загреб освен што ќе навива за Вардар во последното коло против Елверум, уште ќе мора да триумфира на жешкиот терен кај актуелниот европски вицепрвак Алборг. Во поинакво сценарио хрватскиот претставник го завршува својот пат кон европскиот клупски трофеј уште во групната фаза на Лигата на шампионите.