Данскиот интернационалец, Николај Маркусен кој од наредната сезона Силкеборг треба да го замени со Веспрем раскажа со какви проблеми се соочува периодов.
Тој сè уште нема најдено стан во Унгарија и нагласува дека е многу тешко да се реши станбеното прашање на далечина.
„За неколку месеци треба да се преселам во Унгарија. Напролет требаше да одам таму за да го решам ова прашање но заради пандемијата тоа е невозможно. Моменталната ситуација е целосно неизвесна. Не знам каде ќе живеам. Тешко е да се најде стан од далечина“, изјави Маркусен.
Освен Маркусен со слични проблеми се соочува и неговиот сонародник Ласе Мелер кој потпиша договор од наредната сезона со бундеслигашот Фленсбург.
„Сè уште немав можност да отидам во Германија и да најдам живеалиште. Патувањето беше планирано, но не се оствари поради затворањето на границите. Се надевам дека можам да најдам нешто на интернет. Во спротивно, ќе нема каде да заминам од Гудме“, истакна Сван.