Откако сениорите обезбедија пласман на Европското првенство 2024, младинците на Фарски Острови на Светското младинско првенство, кое моментално се одржува во Грција и Германија, веќе се пласираа меѓу најдобрите осум репрезентации.
Фарски Острови на младинскиот Мундијал во првото коло од главната рунда славеше над Бразил со 33:27 и заедно со репрезентацијата на Португалија се двата патници во четвртфиналето од групата Б.
Ракометарите на Фарски Острови во последното коло од главната фаза силите ќе ги одмерат токму со Португалија и овој дуел ќе одлучи која од двете репрезентации ќе заврши како првопласирана во втората група.
Островската земја во групната фаза триумфираше против Ангола, Јапонија и Шпанија, со што уште еднаш дека максимално вложува во машкиот ракомет.
Шпанија која во ланската година го освои Европското кадетско првенство во Португалија, сега на Мундијалот целосно потфрли и остана без место во четвртфиналето.
Пласман во четвртфиналето обезбедија и ракометарите на Хрватска.
Резултати од првото коло од главната фаза
ГРУПА А
ХРВАТСКА – ТУНИС 36:23 (13:6)
ГЕРМАНИЈА – ФРАНЦИЈА – 20:30Ч
ГРУПА Б
ПОРТУГАЛИЈА – ШПАНИЈА 33:31 (19:20)
ФАРСКИ ОСТРОВИ – БРАЗИЛ 33:27 (16:13)
ГРУПА Ц
УНГАРИЈА – БАХРЕИН 27:21 (14:12)
ШВЕДСКА – ДАНСКА 26:29 (15:14)
ГРУПА Д
ИСЛАНД – ГРЦИЈА 29:28 (14:15)
ЕГИПЕТ – СРБИЈА 26:33 (12:18)
Во продолжение резултати од Президент Купот