Веќе нема тим без бодови: Пелистер ремизираше со Ѓорче Петров

Во Супер женската лига екипата на Пелистер досега беше без бодови, а после дуелот против составот на Ѓорче Петров има еден откко денеска ремизираше со 31:31.

Поголемиот дел од средбата мина во израмнета игра. И двете екипи имаа што да покажат и одработија интересна средба, а на крајот имаше 62 гола.

Надигрувањето почна од првата минута и работите имаа интересен тек. И на двете страни имаше предност, но никој не можеше да биде сигурен. Гостинките имаа најмногу два гола и тоа при 8:6, а домашните во финишот на првото полувреме стигнаа до плус три, 13:10, 14:11 и 15:12.

Сепак, на одмор беше само гол предност за домашните. Имаа 16:15, но ниту ова не беше гаранција за мирно продолжение на настаните. Пелистер беше во постојана предност. Се трудеше да дојде до водство со кое ќе може да има мирна завршница. Најмногу што беше обезбедено беа четири гола за 28:24, но се покажа дека и овие не беа доволни.

Во завршницата оваа позитива беше загубена, па тимот на Ѓорче Петров беше пред победа. Сепак, битолчанки успеаја да се изборат за погодок за реми, па двете екипи кои се во долниот дел на табелата ги поделија бодовите. За Пелистер ова беше и прв поен, додека за тимот на Ѓорче Петров ова е реми после кое има четири бода.

ПЕЛИСТЕР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ       31:31 (16:15)

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Наум Танески и Пеце Стефановски од Струга. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.

ПЕЛИСТЕР: Тодоровска, Наумовска 2, Дишковска 3, Босиловска 2, Срезовска, Раиф 3, Милосављевиќ 6, Дојчиновска, Спирковска, Николоска, Белевска 15.

Седмерци: 2/5, Исклучувања: 10 мин.

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Јовановска, Блажевска, Несторовска, Велкова 3, Неделковска 2, Домазетоска 7, Џељадини, Величковска, Лозановска 3, Гошевска, Галачева, Цветановска 12, Трпеска, Крстевска 4.

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 14 мин.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080